14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Макрон: Ја разбираме желбата на Израел да се бори против тероризмот, но ги повикуваме да престанат да убиваат бебиња и жени

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави за Би-Би-Си дека Израел мора да престане да убива бебиња и жени во Газа.

– Нема оправдување за бомбардирањето, а прекинот на огнот би бил од корист за Израел. Иако го признаваме правото на Израел да се брани, ги повикуваме да го прекинат ова бомбардирање во Газа – рече тој.

Тој вели дека страдаат заедно со Израел и ја разбира нивната желба да се борат против тероризмот, но дека тоа не е решение.

Тој исто така нагласи дека Франција јасно ги осудува терористичките акции на Хамас. На прашањето дали сака другите лидери да се придружат на неговите повици за прекин на огнот, тој одговори: „Се надевам дека ќе го направат тоа“.

– Де факто – денеска беа бомбардирани цивили – де факто. Овие бебиња, овие жени, овие стари луѓе беа бомбардирани и убиени. Затоа, нема никаква причина за тоа, ниту легитимитет. Затоа го повикуваме Израел да престане – посочи тој.

Тој рече дека не е негова улога да суди дали е прекршено меѓународното право.

Спонзорирано: