14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

Телото на десетгодишно момче е пронајдено во урнатините на станбена зграда

Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, на Телеграм напиша дека детето е пронајдено под урнатините на станбената зграда и им изрази сочувство на родителите и роднините, пренесува Интерфакс Украина.

Шефот на регионот Харков, Олех Синехубов, изјави дека загинало 10-годишно момче, пренесува Униан.

-Под урнатините пронајдено 10-годишно дете, момчето, за жал, почина. Според првичните информации, повредени се 16 лица, меѓу кои и едно 11 месечно дете. Спасувачите работат на местото на ударот, ги расчистуваат урнатините – рече Синехубов.

Полицијата на регионот Харков соопшти дека утринава во Харков биле регистрирани два погода и дека според првичните податоци станува збор за руски ракети од типот Искандер.

Украинските медиуми јавија дека утринава во Харков можеле да се слушнат експлозии, а во моментот на првите информации за напади во областа, немало предупредување за воздушен напад.

Во вчерашниот руски напад врз цивилни објекти во источна Украина загинаа најмалку 51 лице, меѓу кои и шестгодишно момче, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.

Спонзорирано: