11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Велшанец сексуално вознемирувал бебе, се фалел и на интернет: добил 24 години затвор

Воспитувач снимал и фотографирал како сексуално вознемирува бебе, а снимката ја споделувал и на интернет со други педофили. Тој е осуден на 24 години затвор. Томи Алингтон (25) континуирано сексуално го вознемирувал бебето, изјавиле обвинителите пред судот во Велс.

Полицијата за целиот случај дознала кога на „Инстаграм“ добила разузнавачки информации за непримерни фотографии. Таа потоа го пронашла телефонот на Алингтон, кој бил скриен на таванот. Алингтон симнал повеќе од 1.500 фотографии на сексуално вознемирувани деца, од кои 252 биле класифицирани како категорија А, што значи дека ги прикажуваат најекстремните видови злоупотреба, пишува „Дејли мејл“.

Насилникот направил и свои видеа и фотографии, што им овозможило на детективите да го идентификуваат малото момче, кое било повредено. Детективите откриле дека Алингтон на интернет објавувал слики како ја вознемирува својата млада жртва фалејќи се со тоа пред другите педофили.

Во некои од вознемирувачките разговори Алингтон и неговите контакти разговарале за придобивките од вознемирувањето на децата кога сè уште се бебиња бидејќи не може ништо да кажат или да објаснат што им се случува.

Детективите го идентификувале момчето и стапиле во контакт со неговите родители. Мајката на фотографиите и видеата го препознала синот. Судот го осуди Алингтон на продолжена затворска казна поради ризикот за децата.

Алингтон претходно се изјасни за виновен по 17 точки од обвинението за силување деца, сексуален напад, поттикнување дете за сексуална активност, поседување непристојни слики на деца, дистрибуција на непристојни фотографии на деца и поседување непристојни слики. Но, тие злосторства не биле поврзани со неговата работа на училиште. Тој немал претходни пресуди.