19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Едно лице загина во невремето во Шпанија, две се водат за исчезнати

Едно лице загина во Толедо, а две се водат за исчезнати во Мадрид кога силно невреме придружено со обилни врнежи ја погоди Шпанија.

Еден човек загина во својот автомобил во Толедо, а две лица се водат за исчезнати кога возилото со кое се превезувале паднало во реката Алберче во градот Алдеа дел Фресно во регионот на Мадрид.

Сообраќајот меѓу Мадрид и Андалузија, како и меѓу главниот град и Толедо, е прекинат, објави „Ел Паис“.