12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Општина Гостивар со прифатилиште за жртвите на семејно насилство

Советот на Општина Гостивар едногласно ја изгласа одлуката за почеток со работа на прифатилиштето за жртвите на семејно насилство.

„Со ова прифатилиште ќе раководи невладината организација ‘Етика’, која беше избрана од општинската комисија по јавен оглас, а Општина Гостивар за оваа намена издвои 1 милион 200 илјади денари.

Поради заштита на жртвите на семејно насилство, локацијата на овој центар останува тајна, а ова прифатилиште е на над 100 квадратни метри и таму ќе може да се сместат до 8 жртви на семејно насилство“, велат од Општина Гостивар.

Од таму порачуваат дека како општество треба да се обединиме и да го спречиме насилството и да им помогнеме на жртвите на семејно насилство, а тоа е неприфатливо и како такво мора да се бориме против него.