15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Големи поплави во Шпанија, ураганот Дана го парализира Мадрид

Ураганот Дана и обилните дождови предизвикаа големи поплави во Шпанија.

Метрото во Мадрид е поплавено, прекинато е движењето на возовите.

Засега нема пријавени жртви.

Жителите на Мадрид и регионот Манча Алта де Толедо вчера беа повикани да не ги напуштаат своите домови.

Градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида, вчера ги советуваше жителите да останат во своите домови.

„Поради исклучителна и ненормална ситуација во која ќе бидат соборени рекордите на врнежи, ги молам граѓаните денеска да останат дома“, напиша Мартинез-Алмеида.