Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ДСНС Украина/Харков
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Голем руски напад со дронови во регионот Одеса

Русија соопшти дека уништила четири украински воени бродови со војници во Црното Море.

„Ноќта на 4 септември 2023 година, во северозападниот дел на Црното Море, авиони на поморската авијација на Црноморската флота уништија 4 брзи воени чамци од американското производство со десантни групи на Вооружени сили на Украина“, соопшти Русија.

Тие велат дека бродовите патувале во правец на Крим.

Како што објави Некста на социјалните мрежи, нападнато е и пристаништето во Одеса. Украинците велат дека успеале да соборат 17 дронови.

„Во две територијални заедници оштетени се магацински и производствени згради, опрема на земјоделски и индустриски претпријатија. Нема извештаи за жртви“, соопшти оперативната команда на вооружените сили на Украина.