11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вознемирувачка снимка од судир во Белград: Директен судир на автопат, едно лице загина – фиат пунто возеше во спротивна страна и се запали, возачот изгоре

Тешка сообраќајна несреќа се случила во неделата на 3 септември околу 15:45 часот на автопатот „Милош Велики“ во Србија.

Во таа прилика еден автомобил се запалил.

На социјалната мрежа Икс се појави вознемирувачко видео од несреќата на кое се гледа како автомобил „фиат пунто“ се движи во спротивна насока на автопатот и предизвикува директен судир со автомобил од другата насока.

Возачот на Фиат се обидел да избегне автомобил кој доаѓал од спротивната насока, а по судирот возилото се запалило.

Како што пишуваат српските медиуми, еден сопатник од Фиатот загинал, а другиот сопатник и возачот на хјундаито, вториот автомобил кој учествувал во судирот, се пренесени во болницата во Земун.

„Милош Велики повторно вози во спротивен правец. Предизвикаа трагедија, двајца помлади момци во фиат пунто. Повторно е популарен меѓу младите таканаречениот „српски рулет“?“, стои во описот на видеото.

Вознемирувачката снимка е достапна тука.