Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТОП ВЕСТИ

ДОАЃА ВЛАЖЕН БРАН И ПАД НА ТЕМЕПРАТУРИТЕ ЗА ДЕСЕТ СТЕПЕНИ – Метеоцентар со детална прогноза за времето во следните неколку дена

Под влијание на влажен бран во ноќните часови и утре времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и повремено проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер (над 60км/ч.) што ќе услови значително намалување на дневната температура претежно за пет до десет степени. Во вторник ќе преовладува умерено облачно време со услови за локален слаб дожд и ќе дува умерен до засилен ветер претежно од североисточен правец. Во деновите потоа ветерот ќе ослабува и ќе се задржи стабилно, но посвежо

Прогноза за 05.09.2023
Минимална температура: 10°C до 17°C
Максимална температура: 22°C до 29°C

Променливо облачно со услови за слаб до умерен локален дожд особено во јужните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец најизразен во северните и западните делови. УВ=6

Прогноза за 06.09.2023
Минимална температура: 10°C до 17°C
Максимална температура: 23°C до 30°C

Сончево со умерена облачност. На места повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец кој краткотрајно ќе засилува. УВ=7

Прогноза за 07.09.2023
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 25°C до 31°C

Сончево со умерена облачност. На места повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ=7

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК