11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сите судски постапки против Трамп ќе бидат пренесувани во живо

Сите судски постапки во случајот против поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, ќе бидат пренесувани во живо на телевизија, објави судијата Скот Мекафи.

Тој додаде дека ќе биде направен преседан, кој претходно го направи неговиот колега Роберт мек Бурни бидејќи сите рочишта ќе се емитуваат и на каналот на судот на „Јутјуб“.

На медиумските екипи ќе им биде дозволено да користат компјутери и мобилни телефони во судницата, но не и за снимање.

Трамп овој месец беше обвинет од Канцеларијата на окружниот обвинител на округот Фултон за наводен обид да ги поништи резултатите од претседателските избори во Џорџија во 2020 година.

Поранешниот претседател Трамп се изјасни за невин и тврди дека процесот бил политички мотивиран.