23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Му се заканиле со нож на вработениот и го повредиле: две лица ограбиле казино во Струмица

СВР Струмица поднесе кривична пријава против И.Е.(22) од Скопје и С.А.(19) од Струмица.

Тие според полицијата се сомничат за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 13.08.2023 во казино во Струмица, пријавените со закана кон вработениот Р.Ј.(23) од Струмица одзеле пари од дневниот промет, при што употребиле нож и му нанеле повреда.