10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

14 дена огнот голта сѐ пред себе – пожарот на Еврос не стивнува, пожарникарите се во трка со времето

Пожарот во Еврос во североисточна Грција гори веќе 14-ти ден, а пожарникарите се борат да го запрат огнот и да спречат да се прошири кон Суфли и Протоклис.

Во гаснењето на пожарот се вклучени 582 пожарникари со 129 возила и 16 единици без возила, како и шест авиони и два хеликоптера, јави порталот „Катимерини“.

Вкупно во регионот изгореа повеќе од 808,7 квадратни километри.

Во четвртокот избувнаа 32 нови шумски пожари, а противпожарните единици изгаснаа 68 пожари во Еврос.

На Парнита, планина северно од Атина, пожарникарите гаснат пожар на југозападната страна.

Ризикот од пожари останува висок во многу делови на Грција и денес, а членовите на противпожарната служба и понатаму се во општа готовност.

Двајца високи претставници на противпожарната служба за „Катимерини“ изјавија дека нема оперативни слабости во гаснењето на пожарот во Еврос, кој трае веќе 14 дена, и оценија дека пожарот не може веднаш да се прекине.

Наведоа дека приоритет се безбедноста на луѓето и инфраструктурата и посочија дека за ширење на пожарот придонеле ветровите и сувото земјиште.

Но, граѓаните и претставниците на локалната самоуправа укажуваат на проблеми во координацијата кога на едно место дејствуваат пожарникари од други места, кои не ги знаат морфологијата и спецификите на загрозеното подрачје.

Спонзорирано: