14.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Песочна бура во Иран: Повеќе од 700 луѓе примени во болница

733 лица се примени во болниците во иранската провинција Систан-Балучистан со различни поплаки предизвикани од песочната бура во југоисточен Иран.

Шефот на службите за итни случаи во Систан-Балучистан, Маџид Мухиби, изјави за агенцијата ИРНА дека тие биле хоспитализирани во изминатите три дена во градовите Забул, Зехек, Хамун, Хирменд и Нимруз на северот на Систан-Балучистан.

Тој рече дека 58 лица се уште се во болница на лекување.

Шефот на Метеоролошкиот институт во таа иранска провинција Мухсин Хајдари изјави дека поради зголеменото количество прашина во воздухот видливоста е значителна особено во Забул и Зехек.

Канцеларијата на гувернерот на Систан-Балучистан соопшти дека поради песочни бури денеска се затворени државните институции и банките во градовите Забул, Зехек, Хамун, Хирменд и Нимруз.

Спонзорирано: