11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARСВЕТ

Во Мароко е измерена рекордна температура од 50,4 степени

Во градот Агадир на југот на Мароко измерена е рекордна температура на воздухот од 50,4 степени Целзиусови, соопшти денеска Главната управа за метеорологија.

Претходната рекордна температура на воздухот од 49,9 степени беше измерена на 13 јули во Смара, во Западна Сахара.

Државната метеоролошка служба наведува дека ова е првпат измерената температура на воздухот во Мароко да надмине 50 степени.

Од почетокот на летото, цело Мароко е зафатено од серија топлотни бранови кои ја подигнаа температурата на воздухот на рекордно ниво.

– Овој топлотен бран е резултат на пристигнувањето на сув и топол воздух од југ, кој предизвика забележителен пораст на температурата, надминувајќи го месечниот просек за пет до 13 степени – информираат од Државната метеоролошка служба.

Топлотниот бран во изминатите неколку дена предизвика шумски пожари на северот на земјата, во близина на Тангер и во провинцијата Тази.

Овие пожари, со ограничен обем, но поттикнати од силни ветрови, оштетија и уништија стотици хектари шума, но засега без жртви.

Европската служба Коперник претходно објави дека јули е најтоплиот месец откако се направени мерењата на температурата на воздухот.

Минатиот месец беше за 0,33 степени потопол од јули 2019 година, кој досега го држеше рекордот.

Спонзорирано: