8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Пожар зафатил петкатница во Франција, најмалку тројца загинати, 21 повреден

Најмалку три лица загинаа, а 21 се повредени во пожар што избувна во зграда во регионот Алпи-Маритим, на југот на Франција.

Во мугрите избувна пожар во петкатница во градот Грас, јави Радио-Франс.

Во пожарот три лица загинаа, а 21 се повредени, од кои тројца потешко.

Пожарот, по што на терен излегле 50-тина пожарникари и интервенирале со 17 возила, ставен е под контрола.

Зградата во која избувна пожарот и околните згради превентивно се евакуирани.

За пожарот е отворена истрага, чија причина се уште не е разјаснета.

Во градот Колмар во регионот на Алзас на 9 август животот го загубија 11 лица кои останаа заробени во пожар кој избувна во викендичка во која престојуваа инвалиди и нивните придружници.

Спонзорирано: