17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Седум земјотреси во серија ја погодија Србија: Земјата се тресеше на длабочина помала од еден километар

Нов земјотрес денеска нешто пред 13 часот ја погоди Србија, а се случи во Љубовија на длабочина помала од еден километар.

Како што соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија, земјотресот бил со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала.

Да потсетиме, Србија за неполни 24 часа ја погодија 6 земјотреси, а најсилниот регистриран земјотрес се случи синоќа во Баљевац на Ибар со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 6 километри.

Спонзорирано: