20.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

Ајкула нападна жена на плажа: Опасниот предатор ја гризнал за нога

50-годишна жена е во критична состојба во болница откако песочна тигарска ајкула ја касна за левата нога на плажа во Њујорк, соопштија властите. Спасувачите по нападот ги евакуирале посетителите на плажата, додека полицијата во хеликоптерот неуспешно трага по овој предатор.

Според Sky news, властите ќе продолжат да ја следат областа за да ја пронајдат ајкулата.

– Иако ова беше застрашувачки настан, сакаме да ги потсетиме њујорчаните дека нападите на ајкули на плажата Рокавеј се исклучително ретки – соопшти полицијата.

Песочните тигарски ајкули се забележани во голем број на плажите кај Лонг Ајленд.