5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Ви недостасува “жештина” во креветот, додадете го овој зачин во вашето кафе

Зачините се незаменлив дел од исхраната и многу често благотворно делуваат на нашето здравје. Една од нив е и ванилата, која покрај заносниот мирис, позитивно влијае и на расположението и здравјето, пренесува Лепа и Сретница.

Не треба да се користат течни сирупи
Нутриционистите предлагаат да се додаде ванила во кафето и другите топли напитоци, но важно е да се обрне внимание на една работа.

Не треба да се користат течни сирупи со вкус на ванила, бидејќи најчесто се состојат од сируп од пченка. Тоа е најштетниот вид шеќер, а вкусот на ванила се добива со вештачки адитиви.

Вистинската ванила содржи моќна состојка ванилин и може да се најде во екстракти или цели мешунки од ова егзотично растение.

Природната ванила има силно антиоксидативно дејство, па ги штити клетките од оштетување, а мирисот на ванила го намалува стресот и го намалува нивото на анксиозност. Додавањето ванила се препорачува за сите кои сакаат да се релаксираат и да си го подобрат расположението.

Помага и за здравјето на дигестивниот систем
Традиционално, ванилата помага и за здравјето на варењето, па додадете малку прав или екстракт во чаевите кога сакате да го смирите вознемирениот стомак.

Вистинската ванила има и антиинфламаторни својства, па затоа се препорачува за сите кои се борат против воспалителни состојби. Сензуалната арома на овој зачин влијае и на либидото, поради што често се користи како благ афродизијак кој го поттикнува љубовното расположение.

Спонзорирано: