13.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Зеленски гневен на рускиот напад: Ќе се одмаздиме

„Нема оправдување за руското зло“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски вети одмазда против Русија како одговор на нападот на катедралата во Одеса во кој едно лице загина, а 19 други беа повредени.

„Ќе има одмазда за руските терористи за Одеса, тие ќе ја почувствуваат таа одмазда. На сите погодени од овој последен терористички напад им се помага“, напиша тој на Твитер.

„Благодарен сум на сите што им помагаат на луѓето и на сите што се со Одеса во мислите и емоциите. Ќе го надминеме ова. Ќе го вратиме мирот. А за тоа мора да го победиме руското зло“, додаде Земенски.