12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Силното невреме во Хрватска однесе три животи, при интервенцијата почина и пожарникар

Последиците од силното невреме во континенталниот дел на Хрватска однесоа три животи, а при интервенцијата поради невремето, почина пожарникар во Вуковарско-сремската жупанија.

„Во невремето настрада и пожарникар, двајца загинаа во Загреб, еден во Славонија, стотина се повредени“, изјави Дамир Трут, директор на Управата за цивилна заштита за Н1.

Починатиот пожарникар бил на интервенција во вуковарско-сремската жупанија, но неговата смрт не е последица на невремето.

Неговите колеги се простија и од пожарникарот кој загина додека ги извршуваше работните задачи.

„Членот на доброволното противпожарно друштво „Товарник“, Звонко Дрмиќ, почина на 19 јули во вечерните часови за време на противпожарната интервенција за санирање на последиците од невремето што ја зафати Вуковарско-сремската жупанија.

Хрватското пожарникарско здружение и главниот пожарникар Славко Туцаковиќ изразуваат искрено сочувство до семејството и колегите на починатиот пожарникар.

Спонзорирано: