11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Америка се обидува да го врати војникот кој беше уапсен во Северна Кореја

Американскиот специјален пратеник за Северна Кореја Сунг Ким изјави денеска во Токио дека Вашингтон е активно ангажиран во обезбедувањето враќање на американскиот војник кој пребегна во Северна Кореја.

Соединетите држави работат на утврдување информации за состојбата на војникот Тревис Кинг и се посветени на обезбедување на неговото безбедно враќање, рече Сунг.

Кинг премина во Северна Кореја во вторникот, истиот ден кога американската подморница со балистички проектили со нуклеарен погон ја посети Јужна Кореја за прв пат од 1980-тите. Северна Кореја лансираше две балистички ракети во морето во средата наутро.

Претставникот на јужнокорејската влада Ким Гун го осуди лансирањето на проектили и зборуваше за зајакнување на врските меѓу САД, Јапонија и Јужна Кореја.

„Нашата трилатерална безбедносна соработка е на највисоко ниво“, рече Ким, додавајќи дека на состанокот ќе се разговара за понатамошно зајакнување на соработката, како и за санкциите и спротивставувањето на кибер нападите на Северна Кореја.