12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Првата жртва на невремето во Босна и Херцеговина: жена загина, десетици се повредени

Една жена колабирала вечерва во невремето што го зафати Брчко, а лекарска помош побарале повеќе од 20 лица, изјави портпаролот на локалната Јавна здравствена установа Сеад Шадиќ.

Шадиќ изјавил дека итната помош имала седум интервенции и дека полесните повреди се предизвикани од пад или удар од тап предмет.

Брзата помош интервенирала и во една сообраќајна несреќа.

Ветерот во Брчко корнеше дрвја, кршеше гранки, оштети неколку автомобили, а имаше и два пожари, соопшти Оперативно-комуникацискиот центар во областа.

Пожар избувнал во куќа во населбата Брод, а според првичните информации настанал од удар на гром.

Сите противпожарни единици се на терен и работат на расчистување.

Спонзорирано: