10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Доаѓа крај за должничкото ропство со брзите кредити – Донесени Закони во полза на граѓаните

Каматите не може да бидат поголеми од долгот, намалени трошоци за брзи кредити. Парламентарното мнозинствоги усвои измените на Законот за извршување и на Законот за облигациони односи, со што сеставивме крај на огромните каматни стапки.

Со новите измени, каматната стапка нема да смее да го надмине долгот, односно таа престанува да тече кога ќе го достигне износот на главниот долг, a ова значи дека повеќе нема да има ситуации каде што граѓани за долг од 1.000 денари враќале и до пет пати поголем износ, а рокот за застарување на долгот го намалуваме од 10 на 5 години.

Мнозинството ги усвои и измените на Законот за финансиски друштва вкупните трошоци на земен т.н брз кредит не може да бидат поголеми од 60% од кредитот. Се прекинува праксата со која за кредит од 10.000 денари граѓаните досега враќаа и по 70.000 денари.

Со овие законски измени се става крај на должничкото ропство кај граѓаните.