25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТНАУКАИЗБОР

(Видео) Индија успешно го лансира вселенското летало „Чандрајан-3“ на Месечината: „Ново поглавје во вселенската одисеја“

Индиската вселенска агенција денеска објави дека успешно го лансирала леталото „Чандрајан-3“ на Месечината.

„’Чандрајан-3′ го почна своето патување до Месечината. Здравјето на леталото е нормално“, се вели во соопштението на агенцијата.

Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека почна „ново поглавје во индиската вселенска одисеја“.

Тој го нарече лансирањето на ракетата големо достигнување, што ја потврдува немилосрдната посветеност на индиските научници.

Телевизиските снимки покажаа како ракетата полета од космодромот во јужната држава Андра Прадеш оставајќи зад себе облак од чад и оган.

Ќе бидат потребни меѓу 15 и 20 дена за вселенското летало да влезе во орбитата на Месечината, во тој момент научниците ќе почнат да ја забавуваат ракетата за да обезбедат безбедно слетување.

Се очекува леталото да слета на Месечината помеѓу 23 и 24 август, а се планира да биде првото што ќе го истражува јужниот пол на овој сателит на Земјата. „Чандрајан-3“ тежи 3.900 килограми, а неговата цена е 66,79 милиони евра.

Доколку мисијата успее, Индија ќе биде четвртата земја во светот што слетала на Месечината. Претходно во тоа успеаја САД, поранешниот Советски Сојуз и Кина.

Спонзорирано: