11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Захарова до Макрон: Можеби ви треба осиромашен ураниум за да ја решите ситуацијата во Франција

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги коментираше зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон дека бунтот во Русија укажува на несогласувањата што постојат во земјата, велејќи дека Русија, за разлика од Франција, се бори против непријателот, додека во Франција луѓето се борат еден против друг.
„Трета ноќ на насилство во Франција“. Само овде не зборуваме за трета ноќ или втор ден. Петтата република под водство на Макрон е во треска многу години – со периодични кратки ремисии“, напиша Захарова на Телеграм.

Таа наведе примери на протести на „жолтите елеци“ кои предизвикале штета од милиони долари на француските градови или стотици илјади луѓе кои излегле на улиците на Париз, Марсеј и други градови поради пензиската реформа, покажувајќи на тој начин, како што рече, неединството на власта и општеството.

„Почитувано француско Министерство за надворешни работи. За неколку недели треба да се одржи уште еден самит на НАТО во Вилнус, по се изгледа ќе присуствува и вашиот шеф кој вети дека ќе го поддржи Зеленски. Слушнав и дека ќе се разговара за ситуацијата во Русија. Ако е така, јас препорачувам теми на претстојниот самит да бидат несогласувањата во Франција, слабоста на француската армија и помошниците. Можеби вашите партнери и сојузници ќе ви помогнат да испорачате оружје со осиромашен ураниум за да ја заштитите полицијата од народот или луѓето од полицијата – тоа зависи од вас да одлучите“, заклучи Захарова.