27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Курти: Не ја зајакнуваме армијата за да ги нападнеме другите, туку за да се заштитиме

Премиерот на Косово Албин Курти денеска изјави дека Косово не ја зајакнува својата војска за да ги напаѓа другите, туку за да се заштити себеси.

Тој рече дека се залага за побезбедно, поправедно и порамноправно Косово за сите.

На северот на Косово од крајот на мај има зголемени тензии поради одлуката на косовските власти да дозволат влез на новоизбраните градоначалници Албанци во објектите на општините Зубин Поток, Звечане и Лепосавиќ со поддршка на полицијата. На ова остро се спротивставија локалните Срби кои ги бојкотираа изборите во април и не ги прифаќаат нивните резултати.