23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Франција ќе се распоредат оклопни возила на жандармеријата за да се спречат поголеми немири

Француската премиерка Елизабет Борн денеска најави дека на улиците ќе бидат распоредени оклопни возила на жандармеријата поради насилството во многу градови во Франција веќе три ноќи откако полицаец уби 17-годишно момче при сообраќајна контрола.

Ќе бидат распоредени и дополнителни мобилни сили, соопшти владата. Исто така, се вели дека големите настани што можат да претставуваат ризик за јавниот ред ќе бидат откажани во зависност од локалните ситуации.

Тие одлуки се дел од мерките усвоени денеска на кризниот министерски состанок на кој присуствуваше и претседателот Емануел Макрон.

Тоа беше втор кризен состанок за два дена.