11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање и заложничка криза: Опсадна состојба на аеродромот во Кишињев

Две лица загинаа на аеродромот во Кишињев во Молдавија, откако странец отворил оган, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.

– Имаме две жртви. Припадници на специјалната полиција се на терен – се наведува во соопштението на Министерството, во кое се додава дека осомничениот е ранет и приведен.

Според првичните информации, странецот кој отворил оган пристигнал од Турција.

Претходно, молдавската новинска агенција Зијарул де Гарда објави дека странецот, кој отворил оган, се забарикадирал со заложниците.

Полицијата претходно соопшти дека непознато лице отворило оган на аеродромот, а патниците се евакуирани.

Осомничениот испукал неколку истрели во воздух и кон граничарите.