16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Орбан: Нема да и даваме повеќе пари на Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Будимпешта се противи на намерата на Европската унија да испрати повеќе средства во Украина.

Орбан оцени дека барањето на Европската комисија, Унгарија да додели дополнителни средства е смешно, додека на Будимпешта, како и Варшава, и се одбиени парите од фондовите на ЕУ за реконструкција, поради спор околу владеењето на правото.

@Ние Унгарците нема да и дадеме повеќе пари на Украина додека не ни кажат каде отидоа околу 70 милијарди евра од средствата#, рече Орбан