11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Полицијата пронашла 40 овци во стан во Ница

Во градот Ница на југот на Франција, откриени се 40 овци во социјален стан кој требало да биде празен.

Животните биле набиени во стан од 50 квадратни метри обложен со слама, јави денеска телевизијата „Франс 3“. Уапсени се двајца мажи во крвави маици.

Властите се сомневаат дека овците требало незаконски да бидат заклани пред Курбан Бајрам, муслиманскиот празник на жртвувањето.

Полицијата пронашла веќе заклана овца во станот, изјави општинскиот функционер Ентони Боре. Останатите овци беа предадени на одгледувачот, соопштија тамошните власти.

Со цел да се спречи незаконско користење на празен стан, здружението за домување постави специјално обезбедена врата.

Службениците на одделот за криминал наишле на овците при операција во станбена зграда.