Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски со честитка за Курбан Бајрам, на верниците им посака добро здравје и просперитет

Почитувани граѓани од исламска вероисповед,

Дозволете во свое и во име на МВР да ви упатам честитки, вам и на вашите семејства, по повод Курбан Бајрам, празникот на благородните дела и хуманите вредности, со желби за добро здравје и просперитет.

Нека утринската молитва низ џамиите во земјава избрише секаков сомнеж во срцата на верниците – времето на неизвесност е зад нас! Во нашето Едно општество за сите имаме заедничка определба за соживот, дијалог и соработка за подобра иднина на сите нас.

Во традицијата на меѓусебна почит и разбирање, посакувам овие свети празнични денови, по завршувањето на годишниот аџилак во Мека, за сите верници да бидат исполнети со радост и духовен мир.

Благословен нека е големиот празник Курбан Бајрам

Можеби ќе ве интересира

Почна гласањето во Брвеница – гласаат вкупно 107 болни лица

ДЕСК

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК