18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Зеленски телефонски разговарал со Бајден и Трудо за ситуацијата во Русија и за украинската контраофанзива

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за одбрана Олексеј Резников објавија дека оствариле серија телефонски разговори со сојузниците на Киев за ситуацијата во Русија и украинската контраофанзива, по неуспешниот обид за бунт на руската воена организација „Вагнер“.

„Светот мора да изврши притисок врз Русија додека не се воспостави почитување на меѓународниот поредок“, рече Зеленски по телефонскиот разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден.

Зеленски рече дека му се заблагодарува на Бајден за неговата голема поддршка за Украина, особено за испораката на системот „Патриот“.

„Дискутирав за моменталната ситуација на бојното поле ги споделив украинските проценки за обидот за државен удар во Русија и влијанието врз овие ситуации на бојното поле. На Трудо му го свртев вниманието на заканувачката ситуација што ја создадоа окупаторските трупи во нуклеарната централа „Запорожје“, напиша Зеленски на Твитер.

„Партнерите мора да покажат цврст одговор, особено на самитот на НАТО во Вилнус“, нагласи Зеленски.

Кога станува збор за разговорот со Бајден, Зеленски рече дека разговарале за процесите што се случуваат во Русија.

„Благодарен сум на подготвеноста на Америка и народот на САД да застанат покрај Украина до целосно ослободување на сите наши територии во меѓународно признатите граници“, рече Зеленски.

Спонзорирано: