18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Авион морал да го смени курсот поради двајца пијани руски патници кои го попречувале летот

Авион на „EasyJet“ од Велика Британија за Турција беше пренасочен кон Грција откако двајца патници се опијаниле и почнале да викаат на другите луѓе во авионот, соопштија официјални лица.

Лет од Манчестер до Даламан полета рано утринава, но мораше да го смени курсот поради однесувањето на двајца Руси кои беа уапсени по слетувањето во Солун, северна Грција.

Тие беа обвинети за нарушување на мирот, попречување на сообраќајот и непочитување на упатствата на членовите на екипажот. Тие беа ослободени во очекување на судењето во ноември, каде што ќе ги застапуваат адвокати.

Британската нискобуџетна авиокомпанија „EasyJet“ потврди за „Sky News“ дека летот од Манчестер до Даламан бил пренасочен кон Солун и бил пречекан од полицијата бидејќи двајца патници се однесувале несоодветно во авионот и го попречиле летот, пренесува РТС.

„Кабинскиот екипаж е обучен да ги процени сите ситуации и да реагира брзо и соодветно за да се осигура дека безбедноста на летот и патниците никогаш не се загрозени. Иако ваквите инциденти се ретки, ние ги сфаќаме многу сериозно и не толерираме навредливо или заканувачко однесување на летот. Безбедноста и благосостојбата на патниците и членовите на екипажот се секогаш приоритет“, се вели во соопштението на надлежните.

Спонзорирано: