23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
foto
СВЕТИЗБОР

Тинејџери од БиХ се качиле врз воз поради „Тик-ток“, па ги удрила струја, еден е во тешка состојба

Тројца малолетници се повредени синоќа во Зеница откако се качиле врз воз.

Како што пренесуваат медиумите од регионот, тие се качиле врз возот во населбата Дривуша, а потоа настрадале од струен удар.

Според неофицијални информации, сите тројца малолетници добиле изгореници, а еден е во тешка состојба, пренесе „Блиц.рс“.

Тој синоќа од кантоналната болница во Зеница итно бил префрлен во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево со тешки изгореници на телото.

Тие наводно се качувале во возот за да снимаат видео на „Тик-ток“.

Спонзорирано: