23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Украина: Повративме територија долж јужната линија на фронтот, напреднавме на периферијата на Бахмут

Украина поврати дополнителна територија долж линијата на јужниот фронт, а ситуацијата на бојното поле малку се промени во текот на изминатата недела, изјави денеска заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар.

Малиар кажа дека украинските сили ослободиле околу 130 квадратни километри на југот на Украина од почетокот на украинската контраофанзива. Таа пред една недела рече дека во контраофанзивата се ослободени 113 квадратни километри.

Малиар за украинскиот јавен сервис прецизираше дека минатата недела имало околу 250 судири долж источниот дел од линијата на фронтот, кој ги опфаќа насоките Лиман, Бахмут, Авдијивка и Маринка, наведувајќи дека во таа област се уште се водат тешки борби.

Украинската армија денес објави дека напреднала меѓу 600 и 1.000 метри на јужниот и северниот раб на Бахмут (Артјомовско), град кој силите на Вагнер го зазедоа во мај.

Украинската армија исто така пријави напредок во саботата, додека силите на руската приватна воена компанија, за време на бунтот, маршираа кон Москва, пренесува „Гардијан“.

Не беше можно да се потврдат тие извештаи.

Украинските власти посочија дека востанието на Вагнер во саботата и’ дало можност на украинската армија да напредува во контраофанзива.

Спонзорирано: