11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
brana,ukraina
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Украински офицер: Украинците гледаа како руски војници ги однесе водата што ја проби браната, имаше масовен егзодус

Украинските војници биле сведоци како руски војници ги однела поплавата и како бегале од источниот брег на реката Днепар по уривањето на браната Нова Каховка, изјави офицер на украинските вооружени сили. Многу руски војници беа убиени или ранети во хаосот, рече тој, пренесе Си-Ен-Ен.

Капетанот Андреј Пидлисни рече дека кога се урнала браната во раните утрински часови, „никој од руската страна не можеше да побегне“.

„Сите полкови што ги имаа Русите на таа страна беа потонати“ рече тој.

Пидлисни изјави за Си-ен-ен дека верува оти Русите намерно ја нападнале браната за да ги нарушат плановите на украинските сили за претстојната офанзива.

„Околу 3 часот по полноќ непријателот ја разнесе хидроцентралата Каховка за да го подигне нивото на водата и да ги поплави приодите и левиот брег на реката Днепар, како и населените места кои се наоѓаат таму. Невозможно е украинските вооружени сили да напредуваат таму во иднина – рече тој.

Пидлисни објасни дека наклонот на земјата околу реката значел дека руската армија, стационирана на источниот брег, претрпела сериозен удар од пробивањето на браната. Неговата единица можеше да го следи развојот со помош на беспилотни летала и војници на теренот.

„Левиот (источен) брег е понизок од десниот, па е попоплавен. Потопени се и непријателските позиции на самиот брег на реката. Мора да разберете дека непријателските позиции не се само ровови, туку и обични цивилни куќи каде што живееле – рече Пидлисни.

Руските единици во опасност можеби не биле предупредени, веројатно за да се зачува елементот на изненадување, додаде капетанот.

Спонзорирано: