10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Кадиров најави офанзива „АХМАТ“: Сатанистите ќе ја сносат казната што ја заслужуваат

Озлогласениот чеченски лидер Рамзан Кадиров најави офанзива на чеченските единици по нападот со беспилотни летала врз Москва.

– Чеченските единици добија нова наредба да ги прераспределат своите сили. Областите на ДНР стануваат зона на одговорност. Според наредбата, борците на чеченските единици мора да започнат активни борбени операции и да ослободат голем број населени места.

За разлика од европските и украинските медиуми кои со месеци се обидуваат да не исплашат со фантастична и застрашувачка офанзива, ние нема да објавиме ништо.

Наместо тоа, известувам: без да се чека НАТО-украинската офанзива, започна офанзивата на АХМАТ. Уморни сме од чекање. Сатанистите ќе ја сносат казната што ја заслужуваат – напиша Кадиров на својот канал Телеграм.

Спонзорирано: