13.3 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
СВЕТИЗБОР

Елек: Лекарите се борат за животот на мажот кој беше застрелан од припадници на косовската полиција

Директорот на КБЦ на Косово, Златан Елек изјави дека во овој болнички центар помош побарале 52 пациенти, а повеќето од нив имаат повреди од гумени куршуми, шок бомби и солзавец, како и од удари на војниците на КФОР со чизми и палки, пренесуваат медиумите во соседството.

Најтешко повреден, како што изјави тој е Д. Г., кој бил застрелан од припадник на косовската полиција.

„Повеќето од нив имаат повреди од гумени куршуми, шок бомби и солзавец, како и од удари на војниците на КФОР во пределот на горните и долните екстремитети, долниот дел на грбот, градите и грбот“, рече Елек.

Според лекарот, мажот има прострелна рана во пределот на карлицата и прстот на левата рака.

„Од тие 52, тројца заслужуваат најмногу внимание, меѓу нив е Драгиша Гаљак, кој има две прострелни рани, едната во пределот на левата половина на карлицата, а другата во пределот на показалецот од левата рака. Тој е најтешко повреден и моментално е на одделението за интензивна нега, а лекарите се борат за неговиот живот иако хируршката интервенција е завршена“, изјави Елек за „Косово онлајн“.

Тој посочува дека мажот бил повреден од боева муниција кога во него пукал припадник на косовската полициска служба. Останатите двајца кои се здобиле со посериозни повреди, вели лекарот, одбиле да бидат хоспитализирани.