Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Изменет сообраќаен режим во Скопје

Денес со почеток во 08.00 часот, Министерството за внатрешни работи во координација со Амбасадата на САД ќе спроведе вежба, при што од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.

Затворена за сообраќај ќе биде ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Лазар Личеновски“ (Амбасада на САД) до крстосница со ул.„Прохор Пчински“ и ул.„Самоилова“ и ул.„Лазар Личеноски“ на потегот од зградата на ЈП Водовод до Амбасадата на САД во Скопје. По потреба за сообраќај ќе биде затворен и бул.„Никола Карев“ на потегот од ул.„Македонско- Косовска бригада“ до ул.„8-ми Септември“, како и ул.„Македонско- Косовска бригада“ на потегот од крстосница со ул.„Џон Кенеди“ до крстосница со бул.„Никола Карев“ во Скопје.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Можеби ќе ве интересира

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК

Поддршка за секое дете – еднакви можности за спорт

ДЕСК