3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Шолц планира телефонски разговор со Путин: „Помина долго време“

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека планира повторно да разговара по телефон за ситуацијата во Украина со рускиот претседател Владимир Путин „во догледно време“.

„Помина долго време од нашиот последен телефонски разговор. Но, планирам повторно да разговарам со Путин во догледно време“, рече германскиот лидер во интервјуто за весникот „Келнер штад-Анцајгер“, објавено денеска.

Путин и Шолц последен пат разговарале телефонски на 2 декември. Нивниот разговор траеше околу еден час и поврзан со конфликтот во Украина и неговите последици, пренесува ТАСС.

Во текот на разговорот, рускиот претседател го повика Берлин „да ја преиспита својата позиција во контекст на настаните во Украина“.

Разговорот беше инициран од Германија.

Пред тоа, двајцата лидери имаа телефонски разговор на 13 септември 2022 година, потсетува руската агенција.

Спонзорирано: