20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Силен земјотрес со јачина од 7.7 степени според рихтер во Јужен Пацифик: Издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Пацификот, соопшти Геолошкиот институт на САД (USGS). Беше издадено предупредување за цунами за околните земји, вклучувајќи ги Вануату, Фиџи, Кирибати и Нов Зеланд, но предупредувањето за Фиџи набрзо беше укинато.

Американскиот национален центар издаде предупредување за цунами на бреговите на оддалеченост од 1.000 километри од епицентарот.

Агенцијата за управување со вонредни состојби на Хаваите објави на Твитер дека во моментов нема опасност од цунами на Хаваите.

По должината на некои брегови на Вануату можни се бранови од цунами кои достигнуваат до 3 метри, додека бранови меѓу 0,3 и 1 метар може да се очекуваат во Кирибати и Нов Зеланд, објави американскиот Национален центар за предупредување од цунами.

Земјотресот бил на длабочина од 38 километри, соопшти USGS.

Националната агенција за управување со вонредни состојби на Нов Зеланд на Твитер објави дека проценува дали земјотресот претставува закана од цунами за Нов Зеланд.