6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Францускиот суд ја потврди тригодишната казна на поранешниот претседател Саркози

Апелацискиот суд во Париз ја отфрли жалбата на поранешниот француски претседател Никола Саркози против пресудата за корупција и злоупотреба на влијание од 2021 година.

Судот му ја потврди казната од три години затвор, од кои две се условни. Судот одлучи Саркози да може да носи електронска белезица наместо да помине една година во затвор.

Мандатот на Саркози (68) траеше од 2007 до 2012 година. Тој беше вовлечен во правни проблеми по напуштањето на функцијата.

Судот утврди дека Саркози и неговиот поранешен адвокат Тиери Херцог склучиле корупциски пакт со судијата Гилберт Азиберт за да добијат и споделат информации за правната истрага.

Инспекторите прислушувале две официјални телефонски линии на Саркози, а во 2014 година откриле трета, неофицијална, со името Пол Бизмут, преку која тој комуницирал со Херцог.

Содржината на овие телефонски повици доведе до пресуда за корупција во 2021 година. Саркози ги отфрли обвинувањата и веднаш поднесе жалба на пресудата.

Неговите разговори со Херцог сега првпат се слушаа пред судот и беа клучни за пресудата во средата.

Обвинителите побараа три години условна затворска казна за Саркози, Херцог и за Азиберт.

Тие исто така побараа Саркози и 76-годишниот Азиберт да бидат суспендирани од јавните должности, а на 67-годишниот Херцог да му биде забрането да работи како адвокат во период од пет години.

Спонзорирано: