20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Нападнат со дронови руски граничен премин, предизвикана силна експлозија

Нападнат административниот премин „Шебекино“ во Белгородската област во Русија. Како што пренесува каналот „База“ на „Телеграм“, нападот бил извршен ноќеска со дронови, кои фрлиле муниција врз административната зграда и предизвикале експлозија.

За среќа, нема повредени.

Истиот канал јавува дека во регионот Калуга во Русија, веднаш до московската област, е пронајден дрон,за кој постои сомневање дека се урнал вчера во вечерните часови. Падот предизвикал силна експлозија, а според досега објавените податоци нема повредени.

Спонзорирано: