Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Млади момчиња нападнале деца на спортско игралиште во Подгорица

Осумгодишно момче и неколку негови врсници се повредени во петокот попладне, кога група млади момчиња и девојки ги нападнале на спортскиот терен во Подгорица.

Според неофицијални информации на порталот „парентс“, млади момчиња, од кои некои биле полнолетни, нападнале деца на возраст од осум до 11 години, кои си играле на дел од теренот, удирајќи ги со тупаници, а едно од нив го фрлиле низ оградата кога се обидувал да побегне од теренот.

Со нив биле и две девојчиња кои учествувале во ова насилство, а децата изјавиле дека, откако ги претепале, напаѓачите не им дозволиле да го напуштат теренот, објави порталот РТЦГ.

Мајката на момчето изјавила дека го нашла детето извалкано и крваво седнато на игралиштето.

„Кога првпат го прашав што се случи, тој очигледно уште во шок, рече дека само си играле. После тоа почна да плаче и ми кажа дека ги тепале некои момци кои пушеле, а со нив имало и две девојки. Ми кажа дека еден од нив му удрил шлаканици, дека го удирале со тупаници по главата и грбот, дека неговиот пријател бил исфрлен од оградата на која се обидел да се качи за да избега од нив. Сето тоа му го потврдиле на полицаецот. Лекарот констатирал повреди во вид на црвенило и оток предизвикани од затворени тупаници по главата, вратот и грбот“, вели мајката на момчето.

Случајот во полиција го пријавиле родителите на две момчиња, а сведоците на овој настан биле сослушани врз основа на пријавите пред два дена.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски-Шолц: Германија ја повтори силната поддршка за интеграцијата во ЕУ

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија… Прочитај повеќе

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки… Прочитај повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе