Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Хришченко: Лага е дека Вагнер нема муниција, Бахмут ја исполнил главната задача

Командантот на украинската бригада Роман Хришченко изјави дека гранатирањето на Бахмут било засилено со руски платеници и дека не е точно дека платениците се соочуваат со недостиг од муниција.

Шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, се закани дека ќе го напушти Бахмут поради недостиг на муниција, додека Роман Хришченко, украински полковник, го негираше тоа.

– Немаа ништо блиску до дефицит на муниција. Во последните неколку дена е зголемен интензитетот на гранатирање и ракетна артилерија – рече Хришченко, додавајќи дека руските сили постојано го напаѓаат градот, но дека украинските војници им возвраќаат.

Тој посочи дека ситуацијата е тешка.

– Непријателот насочува голем број свои сили кон нас, има постојани бранови на напади – рече тој.

Тој наведува дека руските сили претрпеле многукратно поголеми загуби од неговата единица.

– Русија губи голем дел од своите војници. Бахмут веќе ја исполни својата главна задача и продолжува да ја исполнува. Овде го касапеме непријателскиот персонал – заклучи Хришченко.