3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Министерство за внатрешни работи на Србија
СВЕТТОП ВЕСТИ

Учениците од училиштето „Рибникар“ се враќаат во училиште, полицијата ја надгледува ситуацијата

Учениците денеска треба да вратат во училниците една недела по трагедијата што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, кога момче-убиец изврши масакр и уби осум ученици и чувар, а повреди уште шест деца и една наставничка.

Предлогот на струката е децата да се вратат на училиште, но има простор родителите да ја донесат конечната одлука, бидејќи состојбата на секое дете е индивидуална и сè уште не се подготвени сите, пренесуваат медиумите во соседството.

Утрово пред училиштето е тивко, на влезот има полицајци, додека на страна стојат инспектори во цивилна облека. Толку е тивко што се слуша чврчорење на птици, луѓе поминуваат покрај училиштето со наведнати глави, крајно тажни, се наведува во извештаите.

Од 7:30 часот во училиштето почнаа да пристигнуваат наставници и ученици. Децата во училиштето не влегуваат преку главниот влез, туку преку споредниот влез. Помалите деца доаѓаат во придружба на нивните родители.

Лентите што се користеа за обезбедување на местото на несреќата беа отстранети од предната страна во близина на главниот влез.

Според експертите, враќањето на децата во училиштето каде се случи крвавиот настан значи дека на почетокот тие ќе мора да се соочат со страв. Ситуацијата, како што велат е сложена бидејќи во неа се вклучени деца и нешто што досега не е видено на нашите простори, па тоа сметаат експертите е дополнително отежителна околност.

Спонзорирано: