8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / pixabay
СВЕТТОП ВЕСТИ

Драма на аеродромот во Загреб: на авион му откажале сопирачките при слетување, удрил во друго возило

На аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб се случила несреќа кога авион во вечерните часови слетал на пистата и продолжил да се движи кон паркинг-просторот, но му откажале сопирачките и удрил во друго возило.

Авионот застанал пред карго-терминалот на аеродромот. Во несреќата нема повредени, а сè уште не е утврдена точната материјална штета.

Станува збор за авион стар 34 години, кој сообраќа на релација Загреб – Сараево.

Од аеродромот потврдија дека оваа несреќа навистина се случила за време на паркирањето на авионот и дека нема повредени.

Од таму изјавија дека за настанот била известена Агенцијата за истражување незгоди во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај.

Спонзорирано: