13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Вучиќ: Мора да се грижиме за децата

Треба да продолжиме со регрутирање на нови полицајци за децата да бидат побезбедни, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Сега го завршив состанокот. Предадени се над 3.000 парчиња оружје. Десетици илјади куршуми од различен калибар. Тоа е добра вест“, рече тој, мислејќи на мерката на МВР да ги повика сите што поседуваат нелегално оружје да го предадат.

Како што истакна, знаел дека многу луѓе ќе се налутат поради оваа акција, но таа е важна за Србија.

„Обезбедивме големо присуство на полициски службеници во училиштата, а реакциите се позитивни и од родителите и од наставниците. Наставниците сега ќе имаат поголеми права, децата нема да можат да се однесуваат арогантно и силеџиски“, рече Вучиќ и најави итно вработување на нови полицајци.

Ќе продолжиме да земаме нелегално оружје, а потоа ќе анализираме се’ што е легално, рече Вучиќ.

Спонзорирано: