9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

За почеток по два часа настава, училницата во која беше извршен масакрот ќе остане запечатена – децата полека ќе се вратат во клупите

Советот на родители на ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград одлучи учениците од ова училиште да се вратат во училниците, по невидениот масакр што се случи таму, кога ученик уби осум деца и чувар, а повреди уште шестмина, меѓу кои и наставник по историја.

Синоќа се одржа седницата на Советот на родители, а родителите на дел од учениците не се согласија со одлуката за враќање на наставата. Тие сепак упатија низа барања до надлежните за безбедноста на нивните деца.

Психолозите и психијатрите од Институтот за ментално здравје, Клиниката за психијатрија КЦС и многу други здравствени институции и здруженија даваат помош и поддршка на учениците, родителите и наставниците..

„Повеќето се за враќање на децата во нивната околина. Наставниците имаа училишен совет и сите психотерапевтски тимови беа таму да помогнат. Договорот е да почнат и да се соберат и да го одржат првиот час и да бидат со одделенските раководители. Планот е помладите одделенија да стартуваат од 8-10 часот, а втората смена од 12-14 часот. Значи, сите се по два часа на училиште“, изјави Драги Лукиќ, член на Советот за образование на општина Врачар.

„Сите мислат дека треба да се почне со реновирање на училиштето, за децата побрзо да ја заборават околината. Чекаме тендер за распишување на набавката и почеток на работите, а оваа несреќа забрза се. Предлогот е училницата во која е извршено злосторството да се претвори во спомен соба и да се запечати. Сега е важно децата да излезат од траумата и да не поминуваат толку време на интернет и да бидат надвор со други деца“, рече Лукиќ и им порача на родителите повеќе да бидат со своите деца.

Влезот во училиштето ќе биде подобро обезбеден, а употребата на мобилни телефони ќе биде ограничена.

„Отсекогаш се мачевме како да ги забраниме телефоните. Нивните телефони се користат за снимање и угнетување на други деца, а најголем дел од проблемите и насилството од врсниците се предизвикани од мобилните телефони“, додаде Лукиќ.

Родителите на децата бараат реконструкција на настанот, објаснување како се случил и како тече истрагата и во која фаза е.

Професионално да им објасни на родителите што ќе биде со момчето убиец и статусот на неговите родители. Кај децата постои голем страв дека тој ќе биде на слобода.

Тим од психолози и психијатри кои редовно да работат со децата од VII-2.

Доколку се одлучи да се продолжи учебната година за децата од VII-2 одделение, мора да се најде начин тие да не влегуваат во училиштето преку главниот влез, туку да имаат настава во една од училниците на малиот влез, велат родителите.

Предлагаат целосно реновирање на училиштето до 1 септември 2023 година.

Целосна поддршка на наставниот кадар.

Да се утврди одговорноста на лицата кои во јавноста го изнесоа списокот со имињата на децата од VII-2 оделот кој го обиколи целиот свет, како и слики на родители и деца и истите да бидат санкционирани за ваквото дејствие согласно Законот.

Спонзорирано: