8.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Приведен Србин, кој се заканувал дека ќе изврши масакр ист како тој во Белград

Полицијата во Белград со брза и ефикасна акција синоќа уапси 56-годишен маж, кој повикал полиција и се заканувал дека ќе изврши масакр.

З. М. се сомнева дека вчера се јавил во полиција на телефонскиот број 192 барајќи да испратат полициска патрола да му помогне, во спротивно ќе направи „масакр како овој што се случи“.

Притоа сторил кривично дело предизвикување општа опасност, се вели во соопштението на МВР на Србија. На З. М. му е одреден притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведен пред Вишото јавно обвинителство во Белград.